Во сабота бесплатна вакцинација против сезонски грип, без термин, во Службата за вакцинација во Охрид
Во сабота, (18.11.2023 год.) во Службата за вакцинација во кругот на Општа болница Охрид, поточно на самиот влез кај рампата, ќе се врши вакцинација против сезонски грип на граѓани кои сакаат да ја примат вакцината без разлика на возраст и без термин. Вакцината ке биде бесплатна.
Вакцини ќе бидат аплицирани во периодот од 11 до 14 часот.
Оние граѓани кои сакаат да бидат вакцинирани, но не се во можност да дојдат во Службата за вакцинација, ќе можат да ја примат вакцината во домашни услови доколку се јават на телефон 071 366 564 и да остават соодветни податоци, информира Раководителката на службата за превентива, Д-р Соња Мариноска.
Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Охрид е вклучена во спроведување на кампањата за имунизација „Од врата до врата“, организирана од Министервото за здравство во соработка со Светската здравствена организација.
Кампањата е во тек, а опфатени се Општините Охрид и Дебрца со селата и населбите.
Утре, 16-ти ноември, екипата за теренска вакцинација ќе биде во Рача, Коњско, Елшани и Пешатани. Вакцинацијата ќе се врши на пункт во училшните дворови со почеток од 9 часот.
На 21-ви ноември екипата ќе биде на терен во Орман, Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Куратица.
На 24-ти ноември теренски активности за вакцинација ќе се спроведат во Ботун Белчишта, Злести, Средоречје, Лешани, Велмеј, до Горна Дебрца.
Вакцинацијата започнува од 9 часот, во училишните дворови и месните заедници.