Skip to main content

УХМР

Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени

Во петок во Македонија ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 13 степени.

Во петок во Македонија ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде врнежите ќе бидат од снег.

фото: Ѓоко Симјаноски