Фергусон „заљубен“ во Руни
Сер Алекс Фергусон го опсипа со пофалби својот најдобар голгетер Вејн Руни.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го опсипа со пофалби својот најдобар голгетер Вејн Руни.
Руни го постигна решавачкиот погодог во дуелот од реванш полуфиналниот натпревар од Карлинг купот против Манчестер Сити кој заврши со резултат 3:!.
Имено голот на напаѓачот во 90. минута ги прати црвените ѓаволи во финалето со вкупен резултат по двата одиграни натпревари од 4:3.
„Играњето на Руни беше од светска класа. Неговата контрола на теренот и знаењето да се пробива во казнетиот простор се апсолутно фантастични. Атмосферата на стадионот донесе дополнителна желба за победа во дербито“.
„Фактот дека натпреварот се реши во последната минута донесе неверојатна радост на трибините. Во текот на првото полувреме противникот играше доста прибрано и поради тоа беше тешко да се случи нешто. На полувремето им кажав на играчите да продолжат да ја играат нашата игра и работите си дојдоа на совето место.
“Горд сум на тимот и сеум реќен што ги израдувавме фановите“, изјави Фергусон.
{loadposition content9}