21 годишната охриѓанка, Маја Протуѓер храбро започна свој бизнис. Преку програмата за самовработување со грант на Агенцијата за вработување, во висина од 5000 евра, таа го оствари својот сон.
Учеше во стручното училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, во козметичкиот смер, каде што преку програмите за дуално образование успеа да стекне шестгодишно работно иксуство. За денес во сопствен салон да оствари самовработување и самостојно да нуди фризерски и шминкерски услуги. Вели сака да им биде инспирација на младите, да се охрабрат и да го направат првиот чекор.
„Грантовите освен тоа што финансиски ни помагаат, нудат стручни луѓе кои ви помагаат за подигнување на претпиемачкиот дух и успех во сопствениот бизнис. Добивате книга преку која многу ќе научите, многу нови работи за бизнисот, а тоа е посебно битно за нас младите. Нас како млади луѓе ни треба поддршка за успех во новиот бизнис. Би сакала да бидам инспирација, еве на 21 година отворив салон, ако можам јас можете и вие бидејќи ако се сака се се може”, вели Маја Протуѓер – фризер.
Стручното образование е основата каде што се става темелот на претприемачкиот дух кај учениците, а целта е тие да се задржат во земјава.
„Денес навистина има многу голем интерес за стручното образование, многу е важно за да може младите полесно да изградат свој бизнис.Во нашето училиште имаме повеќе смерови, козметички, сообраќајен, електро и машински смер. Дуалното образование им е почетна точка за да продолжат понатаму со свој бизнис.Крајната цел во суштина е да ги задржиме младите во нашата земја, да не ни заминуваат во странство” , вели Марија Кречо Аврамоска професор.
Дуалното образование и грантовите за самовработување се покажаа повеќе од успешни. Во Југозападниот регион во земјава последнава година се отворени повеќе од 500 нови фирми.
Нвинар Соња Рилковска