Црвен крст Охрид
Отворен ден за грижа за стари лица во Црвен крст Охрид
Настанот ќе се одржи на 21.11.2023 г. (вторник) во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11 – 14 ч.
Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 20-26 ноември, под мотото „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ Црвен крст Охрид организира промотивен настан-Отворен ден за грижа за стари лица.
На настанот, од страна на волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, ќе бидат презентирани бројни креативни активности и чекори кои ги презема организацијата за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот.
Настанот ќе се одржи на 21.11.2023 г. (вторник) во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11 – 14 ч.


