СВР Охрид
Бела прашкаста материја пронајдена кај охриѓанец на ул „Коста Абраш“
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 19.11.2023 година во 10.55 часот, на улицата „Коста Абраш” во Охрид, приведено е 42 годишно лице од Охрид.
„При претходно извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста материја како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


