СВР Охрид
Утре посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга поради посетата на претседателот на Албанија
Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.
Утре, 21 ноември 2023 година, на подрачјето на Охрид и Струга ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Албанија, г-дин Бајрам Бегај.
За таа цел, Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.


