Винаријата „Стојан и синови” иако е релативно млада винарија успешно го трасира својот пат помеѓу малите семејни винарии. На саемот „Винска визија на Отворен Балкан” кој се одржа во Белград, Србија, виното Вранец – Требеништа на оваа винарија освои бронзен медал.
„Бронзен медал за нашиот Вранец – Требеништа, со освоени 86 поени. Втора година како учесници, позитивни коментари за нашите вина, преубава атмосфера, успешно завршена уште една презентација на нашите вина.“ – велат од винаријата за впечатоците од саемот.
Саемот е можност за промоција како и поттик за домашната економија преку пласмани за македонските производи. Винаријата „Стојан и синови” ја збогатува охридската туристичка понуда продолжувајќи семејната традиција долга 50 години. На љубителите на автохтоните вина им нудат повеќе сорти со потекло од охридскиот регион , пропратено со уживање во прекрасен амбиент на винаријата и околината.
Годинава вкупно 74 македонски винарии и дестилерии со своите производи се презентираа на вториот по ред вински саем на Отворен Балкан.