Во Охрид денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен павец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 12 степени.
До петок во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, а попладне ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува засилен северен ветер и температурите позначително ќе опаднат.
Фотографија: Ѓоко Симјаноски