Skip to main content

Општина Дебрца

Започна изградба на водоводна мрежа во Арбиново

Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца, а работите ги изведува ЈПКД Дебрца.
 |  инфодеск  | 

Општина Дебрца започна со реализација на уште еден проект за подобрување на комуналната инфраструктура. Станува збор за изградба на водоводна мрежа во должина од 1000 метри, во село Арбиново. Со овој проект и оние домаќинства кои не беа приклучени на водоводниот систем ќе добијат вода за пиење.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината, а работите ги изведува ЈПКД Дебрца.