Од утрово се спроведува голема полициска акција во Струга, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според неофицијални информации, уапсени се околу 20-тина криминалци.
Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денот, по завршување на акцијата.