Министерот за транспорт и врски,Благој Бочварски и Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, заедно со претставници на Конзорциумот на БЕХТЕЛ и ЕНКА, остварија средба во Охрид со Генералниот директор на Патна управа на Република Албанија, Евис Бербери.
Фокусот на оваа средба беше изградбата на дел од Коридорот 8, односно третиот сегмент Струга-Кафасан – граничен премин. Се разговараше за изнаоѓање на содветна траса за тунел кој треба да ги поврзува двете земји Република Северна Македонија и Република Албанија, информираа од ЈП за државни патишта.