Општина Охрид
Делегација на Општина Охрид во посета на Будва и Котор
Охридските и останати претставници на збратимените градови ја потврдија својата приврзаност кон понатамошниот развој на воспоставената соработка.
Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски беа во работна посета на Будва и Котор.
Тие се сретнаа со Градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот Маја Мршуља. Посетата беше по повод одбележување на Патрониот празник на Котор.
Градоначалникот Јокиќ истакнал дека е горд на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови и дека во иднина соработката ќе добие се покреативен облик. Охридските и останати претставници на збратимените градови ја потврдија својата приврзаност кон понатамошниот развој на воспоставената соработка.


