Skip to main content

Регионален зелен центар Охрид

Промотивно- едукативни видеа за промоција на културното наследство во Охрид

Проектот го реализира Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина, Регионален зелен центар Охрид.
 |  инфодеск  | 

Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина, Регионален зелен центар Охрид, во текот на изминатите месеци, изработи 6 промотивно- едукативни видеа во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.

„Содржински видеата се изработени така што претставено е културно наследство во Охрид од соодветен период почнувајќи од праисторија, антика, ран среден век, византиски период, отомански период и нови век. „ – велат од Регионален зелен центар Охрид.

Во секое видео е претставено културно наследство од соодветен период почнувајќи од праисторија, антика, ран среден век, византиски период, отомански период и нов век.

Видеата може да ги погледнете на следните линкови:

Локалитет „Плоча Миќов град“: https://youtu.be/aWIg172P_sQ

Локалитет „Антички театар“: https://youtu.be/sqCM7NhMxJ4

Средновековни цркви: https://youtu.be/Z7o09vSRmPI

Локалитет „Самоилова тврдина“: https://youtu.be/yIbiPE6Xp8I

Отомански период: https://youtu.be/uxJWU1ZXNsQ

Староградска архитектура: https://youtu.be/-6unIoq_3MQ

Оваа активност имаше за цел запознавање на јавноста за значењето на културното  наследство во Охридскиот регион и зголемување на степенот на промоција на истото. По завршување на проектот, видеата е предвидено да се користат за презентација во сите основни училишта во Општина Охрид според договорена агенда, со што за основите, значењето и потребата од заштита на културното наследство од Охридскиот регион би биле запознаени околу 4500 ученици од општинските основни училишта.

Во текот на следните месеци, предвидено е одржување на изложба, изработка на дигитална брошура за локалитетот Самоилова Тврдина и изработка на QR кој ќе се постави на информативната табла пред самиот локалитет.

Проектот се спроведува во рамки на Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Delegation of the European Union, Skopje, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK. Проектот е кофинансиран од Општина Охрид.