До 80 % од децата во охридско имаат почетен стадиум на лошо држење на телото
Секое трето дете има некаков деформитет. Поразителни се податоците на ниво на општина. Од 60 до 80 % од децата имаат почетен стадиум на лошо држење на телото. 50% од децата имаат лоша поставеност на стапалата. Генерациски забележително е и намалена моторика кај децата, што е алармантно и родителите треба да посветат поголемо внимание, апелираат професорите по физичко и здравствено образование.
„Поразителни се податоците и фактот што децата од генерација во генерација ни доаѓаат со многу слаба моротика. Три години по ред водам првооделенци и навистина секоја година доаѓаат деца со се послаба и псолаба моторика. Сето тоа е резултат на се послабата физичка активност во претшколската возраст односно во онаа возраст каде што детето најмногу треба да биде активно и најмногу да се движи. И реално факт е дека преку самата физичка активност се развива и мозокот”, вели професор по физичко и здравствено образование Татјана Димитриеска Наумоска.
„Во руралните средини бројот на деца со некаков деформитет на рбетен столб е многу помал отколку во градските. Тоа се должи на седечкиот начин на живот и намалена физичка активност и преголема употреба на компјутери и мобилни телефоно кај децата во урбаните средини. “ – вели д-р Соња Мариноска, раководител на Служба за превенција на деца и млади при ЈЗУ Здавствен дом Охрид.
Современиот живот во дигиталната ера ги затвори децата на компјутер и телефони, потребно е да се менува свеста, родителите да внимаваат и секојдненво децата да практикуваат физичка активност.
„Родителот треба да биде пример за децата ако тој практикува физичка активност и детето од најмала возраст ќе научи дека треба да практикува физичка активност понатаму. Не треба да помине ден без оглед на возрсата да се извади на прошетка возење велосипед пешачење. Тоа да се практикува без разлика на временските услови”, вели Валнтина Караѓуле професор по физичко и здравствено образование.
Лекарите велат најважно е навремено да се дијагностицираат деформитетите, да се има редовна терапија за да се спречи прогресијата на деформитетите.
„За жал како физијатар, како лекар ние секојдненво се почесто во лекарската пракса среќаваме се повеќе број на случаи на деца од различна возраст кои се соочуваат со некако проблем од типот некаков деформитет на рбетниот столб. Мислам дека е многу добро да имаме соработка со професорите по физичко образование бидејки честопати токму тие први го воочуваат тој проблем на неправилен деформитет во неговиот раст”, вели д-р Елена Кувенџиева, специјалист физијатар.
Проблемите со физичкото здравје кај младите и совети за третман и лекување тема на дебатната емисија Прашалник, која може да се погледне на Јутуб каналот на ТВМ Телевизија.
Соња Рилковска