Skip to main content

СВР Охрид

Скопјанка со помош на вработен во транспорт и врски изградила повеќе катови од дозволеното на зграда во Охрид

Против осомничените се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа, како и за бесправно градење.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”, како и против 38 годишна скопјанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

„Во текот на минатата година, првото лице во својство на вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал одобрение за градба на индивидуална станбена зграда во Охрид. Второпријавената, како сопственик и инвеститор на градбата, без  потребна техничко градежна документација, изградила повеќе катови од дозволеното, со што двајцата се стекнале со противправна имотна корист.“ -информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.