Skip to main content

Новини во линискиот превоз

Линискиот превоз во Стрга ќе се менува.

 |  Николоска Биљана  | 
kombe
комбе

Ќе се користат само две комбиња осум плус еден и тоа во ридско планинските предели. За останатите линии еден од условите за добивање лиценца се комбиња за превоз на шеснаесет патници плус еден.


Таа одлука согласно законот, има право да ја донесе Советот на општина Струга, вели секретарот на општината Зоран Гулицоски. Новините за линискиот превоз воглавно се однесуваат на условите кои што треба да се исполнат за добивање лиценца.
Досега комбињата 8+1 возеа на редовните линии низ струшките села и приградски населби. Според проценка на стручните тимови на локалната самоуправа во Струга, реална потреба на комбиња 8+1 има само од две и тоа за превоз на ридско планинските предели каде бројот на патниците е мал.  Гулицоски го презентираше начинот за добивање лиценца и исполнување на соодветните услови.
Претседателот на Комисијата за комунални дејности Елвадина Дика, истакна дека Министерството за транспорт и врски треба уште еднаш да ја разгледа нивната идеја. Тие предлагаат како основа за добивање на лиценца да не бидат земени во предвид само возилата 16+1 туку да се земат и возилата 8+1, бидејќи има такви комбиња многу кои треба да се искористат.
Реакции кон адаптирање на новите услови за лиценца имаше од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои дадоа и соодветни дополнувања, и за истите не добија поддршка од советниците.
Одлуката на советот кон новите измени на законот за линиски превоз не ги израдува моментално лиценцираните превозници, кои велат дека општината досега повеќе предност дава на комбињата 8+1, кои треба да се исфрлени, иако законот е дециден. Тие додаваат дека тешко добиваат лиценца за комбињата 16+1 кои им седат дома неискористени.


{loadposition content9}