Skip to main content

секој камен има своја приказна

Хотел Палас нем сведок на туристичкиот и урбаниот развој на Охрид во минатиот век

Потребна е заштита и на спомениците и објектите од поновата историја. Хптелот Палас и одмаралиштето на ПТТ со децении се  распаѓаат пред очите на сите. Историчарите апелираат на поголема и грижа и заштита.
 |  инфодеск  | 

Потребна е заштита на препознатливите архитектонски  симболи на градот Охрид.  На само неколку чекори од  јадрото на Охрид, монолитниот габарит на Хотел Палас го означува почетокот на модерниот град. Тој речиси половина век,  важел за еден од најелитните комплекси на езерското крајбрежје. Без разлика што денес е надвор од употреба, оваа модернистичка архитектура сѐ уште е силно врежана во урбаната меморија на овој град. Управата за заштита на културното наследство на Македонија во 2009 година донесе решение за привремена заштита од втор степен на хотелот Палас како  споменик на културата.

Хотелот повеќе од две децении  е под клуч и се распаѓа пред очите на сите.

„Значаен е дека го претставува новиот град Охрид и развојот на градот. Покрај хотелот Палас почнале да се градат и големи улици за пристап до хотелот. Меѓутоа , значајно од историски аспект, иако е заборавен од луѓето не е заборавен од времето и од историчарите. Со својот изглед навистина претставува со камената изградба, со она што претставува туруситички споменик на едно време кој и ден денес не може да биде надминат би ркеол, ниту по изглед, ниту по капацитет, ниту по спомените”, вели Никола Митровиќ, историчар.

Не само за вековните споменици, поголема грижа е потребна  и за објектите  од поновата историја, кои се симболи на градот. Покрај Палас, заштита треба и на ПТТ одмаралиштето,  велат историчарите.

„Јас често знам да кажам секој камен има своја приказна. Така да во градот Охрид несомнено покрај убавината е културно историскиот аспект на градот. Дури и во поновиот период, постојат споменици од понов период кои биле дел од општественото живеење како хотелот Палас, кои значат”,  вели Митровиќ.

Во 2016 година имаше најава за комплетна реконструкција на хотелот Палас, но тоа не се случи. Објектите од поновата историја се сведоци  на  уметноста, архитектурата и културата на градот, токму затоа потребна е поголема грижа и нивна заштита.

Новинар Соња Рилковска