Денеска во Охрид ќе имаме облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна ќе се искачи до 9 степени целзјусови.
До четврток, во Македонија, ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во четврток врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во петок. Од петок времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.
фото: Ѓоко Симјаноски