Денеска во Охрид времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежи од снег на планините. Максималната дневна температура до 7 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места во Македонија. Во западните делови на земјата врнежите ќе бидат пообилни.