Skip to main content

УХМР

Сончево време со мала облачност и температура до 8 степени

До четврток времето во Македонија ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд.
 |  инфодеск  | 

Претпладне променливо облачно, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 8 степени.

До четврток времето во Македонија ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок во текот на денот и во сабота врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.

фото: Ѓоко Симјаноски