Skip to main content

Лајка: Отстранет „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид

Нашите реакции, бурата која се крена во јавноста, притисокот од сите страни донекаде вродија со плод. А зошто велиме донекаде? Затоа што целосниот плод ќе значи казнување на сторителите, велат од Лајка за отстранувањето на рингот за борби на кучиња.
 |  инфодеск  | 

Од Иницијативата за заштита на животните „Лајка“ информираат дека повеќе го нема „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид.

„Истиот речиси две години, во близина на Охрид егзистираше како здание создадено да задоволува нечиј патолошки порив за крв и тортура, како и за печалење (можно и перење) пари плод на болот и агонијата на кутри кученца исклучиво чувани за таа цел. Нашите реакции, бурата која се крена во јавноста, притисокот од сите страни донекаде вродија со плод. А зошто велиме донекаде? Затоа што целосниот плод ќе значи казнување на сторителите (за кои веќе и врапчињата знаат кои се) и спречување на создавање нов ринг во некоја друга потзаскриена средина.“, реагираат од „Лајка“ во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Додаваат дека трагите од постоењето на овој ринг и натаму сведочат за хоророт кој се одвивал тука, а за кој надлежните со години ќутеле и не превземале ништо.