Skip to main content

Промоција на монографијата „Храмот Успение на пресвета Богородица во Ботун”

Промоцијата е закажана за 16.12.2023 (сабота) во црковната сала во во храмот Успение на Пресвета Богородица во село Ботун, со почеток во 11:15 часот.
 |  инфодеск  | 

Од печат излезе монографијата “ХРАМОТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СЕЛО БОТУН”.

Ова капитално и научно дело, е труд на повеќе докажани научници и истражувачи, стручни во својата област и тоа: д-р Сашо Цветковски, д-р Виктор Недески, д-р Викторија Поповска Коробар, д-р Емилија Апостолова Чаловска, м-р Илија Шапкароски и отец Александар Димоски.

Промоцијата е закажана за 16.12.2023 (сабота) во црковната сала во во храмот Успение на Пресвета Богородица во село Ботун, со почеток во 11:15 часот. Промотор на монографијата ќе биде д-р Јехона Спахиу Јанчевска.

На промоцијата, во 08:45 часот, ќе и предходи света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополит г.г. Тимотеј.