Skip to main content

Лино Червар на раскрсница

Можеби ќе ја преземам Македонија.

 |  Маја Савиќ  | 
Lino Cervar
Лино Червар

Mesic i CervarОткако не се врати заедно со поголемиот дел од играчите во Загреб,селекторот на Каубоите,сеуште размислува за својата иднина. Иако имаше некои изјави дека Червар ќе остане на кормилото на хрватската ракометна репрезентација уште некое време,селекторот реши добро да размисли за својот следен чекор.
Многумина обожаватели очекуваа дека Червар ќе се појави заедно со играчите на аеродромот Плесо,но тој веднаш после финалето си заминал дома.
“Дома сум и наскоро заминувам за Македонија. Морам малку да бидам со семејството. Приказната за оставката ја оставам за покасно. Сакам да се одморам и малку да размислам.”-изјавил хрватскиот селектор за хрватски спортски дневен весник.
Наскоро ќе дознаеме дали најтрофејниот хрватски селектор ќе ја превземе македонската ракометна репрезентација.Засега нема службени преговори ниту е нешто потпишано.







{loadposition content9}