ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Учениците и професорите од ОЕМУЦ даруваа 44 крвни единици на крводарителската акција по повод патронатот
Од Црвен Крст Охрид упатија благодарност до професорите, вработените во службата и учениците кои станаа дел од големото семејство на крводарители.
44 крвни единици собрани на крводарителската акција која вчера се спроведе во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид и Црвен крст Охрид.

За оваа крводарителската акција, којашто беше посветена на претстојното одбележување на нашиот патронен празник, беа собрани 44 крвни единици, што навистина е реткост и ОЕМУЦ уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Благодарност до учениците и наставниците од ОЕМУЦ за хуманоста.“ – порачаа од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Од Црвен Крст Охрид упатија благодарност до професорите, вработените во службата и учениците кои станаа дел од големото семејство на крводарители.



