Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со ТППЕ Охрид изврши обука/вежба на дел од членовите на доброволните противпожарни друштва Ентузијаст Охрид Дебрца и на Еко Фап , во областа на примена на техниките и тактиките за гаснење на пожари на отворен простор.
“Тројцата наши доброволци кои воедно се штитеници на Националниот Парк Галичица претставуваат пример за останатите како се сака,почитува и негува нашата заедницата. ” – велат од ДПД Ентузијаст Охрид Дебрца.
Вежбите се изведуваа на полигонот во поранешната касарна.