Skip to main content

УХМР

Облачно со повремени врнежи од дожд и темпeратура до 5 степени

Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините.
 |  инфодеск  | 

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималанта дневна температура до 5 степени.

Во изминатите 24 часа (до 07 часот ) во Охрид наврнале 20 l/m2 дожд.

Во Македонија во сабота ќе има повремени врнежи претежно од снег и заради ниските температури локално ќе има услови за појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час). Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините.

фото: Ѓоко Симјаноски