Свети Сава Осветен и Свети Нектариј Битолски
Свети Сава се роди во петтиот век, во областа Кападокија. Веќе на 18-годишна возраст се насели во еден манастир и наскоро беше потстрижен за монах.
После повеќе години поминати во манастирот на блажениот Теоктист, сакајќи ништо да не го одвојува од молитвата и богомислието, тој се насели во една пештера во Палестина. Последните години ги помина како духовник во манастирот во Палестина што денес го носи неговото име. Се упокои во 533 година. Пoмeѓу мнoгутe други чудoтвoрни и дoбри дeла, нeка бидe спoмeнатo самo тoа дeка тoј прв гo урeдил чинoт на бoгoслужeниeтo пo манастиритe, пoзнат пoд имeтo “Чин на eрусалимската црква”.
Денес се слави и свети Нектариј Битолски. Потекнуваше од благочестиво битолско семејство. Кога го израснаа, мајка му и татко му стапија во манастир. Свети Нектариј се замонаши на Света Гора и ги освети својата душа и телото, непрестано стекнувајќи секакви добродетели.
Се упокои во 1500 година. Неговите мошти беа откриени нераспаднати и положени во ковчег, во црквата на Јагарската келија, на Света Гора.