Skip to main content

Црвен крст Охрид

Утре крводарителска акција во Факултетот за туризам и угостителство

Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција, порачуваат од Црвен Крст Охрид.
 |  инфодеск  | 

Крводарителска акција под мотото ДОНИРАЈ КРВ, ДОНИРАЈ ЖИВОТ! ќе се реализира на 20.12.2023 г. (среда), од  10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид во организација на Црвен Крст.

„Искористете го овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување, да ја искажете својата хуманост. Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција.“ – порачуваат од Црвен Крст Охрид.