Потпишани договорите за изградба на училишна зграда за ОУ„Кочо Рацин“ и спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска во Владата ги потпишаа договорите за изградба на спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец и за реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ОУ „Кочо Рацин“.
Владата неодамна донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во 44 општини во Република Македонија. За зафатите во Охрид се пренаменети 90 милиони денари од централниот буџет од кои за спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец одвоени се 20 000 000 ден., додека за реконструкција и адаптација на нова училишна зграда на ОУ „Кочо Рацин“ во нова локација, 70 000 000 ден.