Skip to main content

Уставен суд

Од денес не смее да се бараат податоци за националност во изводите за родени, венчани и умрени лица

Нема впишување на националност во изводите до конечна одлука на Уставниот суд.
 |  инфодеск  | 
Уставен суд

Од денеска (20 декември) па до конечната одлука, од граѓаните не смеe да се бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.

Уставниот суд денеска ja испитуваше законитоста на Упатството за матични книги, во кое беше дадена графата за националност. Oттаму информираат дека е донесена времена мерка со која се става надвор од употреба Упатството, додека не се донесе конечна одлука за предметот. Уставните судии сметаат дека националната припадност е лично чувство, емпириски непроверлив податок и слобода на изразување утврдена со Уставот, а компаративната анализа покажала дека нема држава во која изразувањето националност е задолжително.