Skip to main content

СДСМ Охрид

СДСМ Охрид: Општина Охрид опфатена со владината помош за финансирање проекти од областа на животната средина

„На Општината и се доделени 8 милиони денари со цел да започне да го решава еден од најгорливите проблеми на жителите не селата Долно и Горно Лакочереј, а тоа е изградба на примарна фекална канализациона мрежа.“ – посочуваат од СДСМ.
 |  инфодеск  | 
sdsm ohrid

Еден од главните приоритети на Министерството за животна средина и просторно планирање е финансиска поддршка на општините во поглед на финансирање проекти и програми од областа на животната средина. Со оваа поддршка годинава беше опфатена и Општина Охрид, велат од СДСМ Охрид во соопштение до јавноста.


„На Општината и се доделени 8 милиони денари со цел да започне да го решава еден од најгорливите проблеми на жителите не селата Долно и Горно Лакочереј, а тоа е изградба на примарна фекална канализациона мрежа.“ – посочуваат од СДСМ.

Потенцираат дека доколку општината целосно и навремено постапи, на жителите на овие села после долги години ќе им се реши еден од суштинските проблеми за непречено секојдневно функционирање.

Додаваат дека во поддршката на општините од страна на Владата  предводена од СДСМ нема селективност и партиска обоеност кога се работи за давање поддршка во корист на граѓаните.