Општина Охрид
Охриѓани од денеска сметките кон јавните претпријатија можат да ги плаќаат преку Е-Даноци
Продолжуваме со работа во насока на целосна дигитализација на услугите, порачува градоначланикот Кирил Пецаков.
Од денес сите граѓани имаат можност своите сметки од охридските јавни претпријатија да ги плаќаат од едно место преку платформата Е-Даноци ( edanoci. ohrid .gov.mk ).
До сега на оваа платформа беше возможно да се плаќа само данокот на имот.
Дигитализација на услугите на Општина Охрид и јавните прептијатија е наша цел кон која работиме и се стремиме, порача градоначалникот Пецаков, во објавата на Фејсбук.


