ОУ „Братство Единство„ свечено го обележа 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик
Синоќа со пригодна свеченост во ОУ “Братство Единство” беше одбележан денот на Наставата на турски јазик. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
Турската заедница со својот јазик, религија, литература, музика ја збогатува културната текстура на Македонија.
Преку учество во работилници од различни наставни предмети учениците испратија порака: Секој дел од сложувалката е подеднакво потребен за да се состави целосна слика за образовниот процес во ова училиште.
„Турската заедница е нераскинлив дел од нашата заедница, особено во Охрид. Само заедно соединети можеме да дадеме голем придонес за нашиот град и нашата држава.“ – истакна градоначалникот Пецаков.
Свеченоста беше збогатена со културно – уметничка програма изведена од учениците при ОУ “Братство Единство” и беа презентирани достигнувањата на учениците во различни области.