Skip to main content

Образование

„Natural Disasters“ на професорот Љупчо Балески од ОЕМУЦ најуспешен еТвининг проект од средни училишта

Проектот „Natural Disasters“ е меѓународен проект во кој учествуваа вкупно 11 наставници и 65 ученици од пет држави
 |  инфодеск  | 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 21-ви декември 2023 година ги додели годинешните еТвининг награди кои се доделуваат во пет различни категории и тоа: најдобар проект од предучилишно образование, од основно образование, од средно образование, на тема екологија и на годишна тема (иновации и едукација).

Овие награди, во форма на симболични статуетки, беа врачени за најуспешните еТвининг проекти, чии достигнувања не само што беа препознаени, туку и ќе бидат активно промовирани на европско и национално ниво.

„Како најдобар проект од средно училиште беше прогласен проектот „Natural Disasters“ кој го спроведе професорот Љупчо Балески. Станува збор за проект кој ги засега сите луѓе во светот и имаше за цел да ја подигне свеста на нашите ученици, наставници и родители за природните катастрофи, кои се заеднички проблем на целото човештво. Целта на овој проект беше да предложи различни решенија за овој заеднички проблем и мерки за превенција од катастрофи. Со активностите кои се спроведува, учесниците имаа можност да се запознаат со различни култури и да се мотивираат да ги истражуваат. “ – информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид.

Проектот „Natural Disasters“ е меѓународен проект во кој учествуваа вкупно 11 наставници и 65 ученици од пет држави и тоа од Турција 7 партнери и по еден партнер од Македонија. Грузија, Романија и Полска. Се спроведе во периодот од јануари до мај 2023 година. (