Вандали ги искршиле прозорците на реконструираниот затворен базен во Струга
Уште не пуштен во употреба, вандализиран реконструираниот базен.
Пред самото отворање на реконструираниот затворен базен во Струга, непознати вандали ги искршиле прозорите.
„Еве како некои личности се среќни и благодарни за новиот пливачки базен кој сеуште не е ни официјално отворен и пуштен во употреба. Два-три дена пред големото отварање, денес имаме скршени прозорци со камен, и камења во базенот.“ – коментираат стружани на Фејсбук.

Се надевам дека овај вандалски чин за момент предизвика радост кај некого, напиша Сашо Коркутоски на Фејсбук директорт на подружницата ЕЛЕМ Струга.



