Skip to main content

Утревечер традиционален Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Годинава учениците со своите професори ментори ќе ја почастат публиката со изведба на безвременските хитови од најубавите анимирани класици на Дизни.

Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид утревечер ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.

Годинава учениците со своите професори ментори ќе ја почастат публиката со изведба на безвремените хитови од најубавите анимирани класици на Дизни. Темата на концертот е по повод 100 години од основањето на студиото Дизни со чии ликови, приказни и музика израстеа и растат низа генерации.

Музичките таленти од ОМУ „Методи Патче“ ќе ја оживеат магијата на Дизни преку најубавите теми од Снежана и седумте џуџиња, Пепелашка, Убавицата и ѕверот, Аладин, Заспаната убавица и многу други.

Концертот ќе се одржи во Дијамантската сала на хотелот „Инекс” со почеток во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен.