Skip to main content

Предновогодишна „Импровокација“ во четврток

Добро познатиот тим Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Филип Кипровски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште една незаборавна вечер.
 |  инфодеск  | 

На малата сцена на Народен театар Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“, во четврток, 28 декември, предновогодишна „Импровокација“. Настанот почнува во 20:00 часот.

Добро познатиот тим Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Филип Кипровски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште една незаборавна вечер.

Традиционалната пред новогодишна Импровокација, каде ние ве смееме, а нашите пријатели-помагаели ве наградуваат, велат од тимот.

Резервации на карти на 075 283 066.