Skip to main content

ОМУ„Методи Патче“ приреди волшебен Новогодишен Дизни концерт

Концертот беше инспириран од јубилејот 100 години од основањето на студиото „Дизни“ со чии ликови, приказни и музика растеа и растат низа генерации.
 |  инфодеск  | 

Со безвременските композиции од најпознатите анимирани филмови на „Дизни“, младите музички таленти од ООМУ „Методи Патче“ вчеравечер приредија прекрасен новогодишен концерт во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“.

На различни инструменти, под менторство на своите професори, преку индивидуални и групни настапи, учениците интерпретираа дваесетина музички теми. Многубројната публика уживаше во мелодиите од „Снежена“, „Заспаната убавица„, „Кралот Лав“, „Аладин“, „Фрозен“, „Пепелашка“ и други препознатливи екранизирани бајки.

Концертот беше инспириран од јубилејот 100 години од основањето на студиото „Дизни“ со чии ликови, приказни и музика растеа и растат низа генерации.

Во пресрет на новогодишните празници,  учениците од ООМУ „Методи Патче“  утревечер на 28.12.2023 година ќе одржат Новогодишен концерт и на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 18:00 часот.

Регионална ТВМ Телевизија ќе го емитува Новогодишниот концерт на ОМУ „Методи Патче“ на 31.12. 2023 во 21 часот.