Skip to main content

Засилени безбедносни мерки за Новогодишните празници во Охрид

СВР Охрид подготвува  засилени безбедносни мерки за време на Новогодишните празници. Во главниот туристички центар се очекува голем наплив на гости, а полицијата  со посебен оперативен план ќе ја гарантира нивната безбедност.
 |  инфодеск  | 

Засилени безбедносни мерки во Охрид  за Новогодишните празници. Се изготвува посебен оперативен план, голем број полициски службеници, ќе се грижат за безбедноста  на бројните туристи, кои се очекуваат.  СВР Охрид ќе биде ангажиран  со целокупниот потенцијал,  акцентот ќе биде ставен на одржувањето на јавниот ред и мир,  спречување на нарушувања и безбеден сообраќај..

„Полициски службеници за време на Новогодишната ноќ ќе бидат во централното ргадско подрачје каде што е предвидена организирана прослава на сообраќајниците во текот на целата ноќ. И се разбира и околу угостителските објекти каде што ќе има организирана прослава”, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Граѓаните велат  охриѓани треба да бидат добри домаќини,  мирно и спокојно да се дочека Новата година, без инциденти.

-Во пријатна атмосфера, културно, без многу пиење, може по малку алкохол.

-Важно е да си поминеме убаво сложно.

-Да нема пиење, малтретирање, овие гостите од тсранство што идат да  дојдат пак в година.

Со цел поголема безбедност полицијата  ќе делува со заеднички тимови, на терен ќе бидат и инспекциските служби.

Најчести нарушувања во полицискиот билтен за Новогодишните празници во Охрид се тепачки помеѓу пијани гости и охриѓани.

Новинар Соња Рилковска