Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust – PONT одобри грант со кој во наредните три години ќе се реализираат активности кои ќе придонесат кон подобрување на условите за заштита и управување со заштитеното подрачје Споменик на природата – Вевчански Извори.
Договорот за грантот го потпишаа директорката на Фондот за природа PONT, Миријам де Конинг и градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.
„Одржливо управување на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански Извори е една од главните цели на општина Вевчани. Во таа насока континуирано превземаме мерки и активности за зајакнување на општинските капацитети за заштита и мониторинг на животната средина и унапредување на туристичката инфрастуктура во заштитеното подрачје Вевчански извори.“ – вели градоначалникот Кочовски.