Skip to main content

Вечерва во СОСУ „Св. Кирил и Методиј” хуманитарен новогодишен базар

Хуманитарниот новогодишен базар ќе се одржи во дворот на училиштето со почеток во 18:00 часот. Собраните средства ќе бидат донирани во инклузивната игротека „Радост“.
 |  инфодеск  | 
ОСУ Св Кирил и Методиј

СОСУ „Св. Кирил и Методиј” од Охрид вечерва организира хуманитарен новогодишен базар.

На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан. Вашето малку, некому значи многу, велат од училиштето.

Собраните средства ќе бидат донирани во инклузивната игротека „Радост“.

Хуманитарниот новогодишен базар ќе се одржи во дворот на училиштето со почеток во 18:00 часот.