Skip to main content

Охрид подготвен за Новогодишниот празничен викенд

Охрид подготвен овој празничен викенд да ги дочека бројните туристи, кои Новата 2024 година ке ја дочекаат на брегот на Охридското Езеро. Од вечерва па се до вторник градот ќе биде преполн со гости од соседните земји.
 |  инфодеск  | 

Главниот туристички центар ќе биде преполн со туристи. Хотелите се потполно резервирани, а најбројни ке бидат гостите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора. Најбарани се тродневните аранжмани со свечена вечера и вклучен дочек на Новата година.

„За новогодишните празници, поголемиот дел од хотелите ке бидат добро исполнети, со оглед на тоа дека неколку хотели се реновираат во овој период и не работат. Но тоа е мал број останатите се веќе добро исполнети , се бара место повеќе, онаму каде што е преполно каде и понудата е подобра. Странски гости имаме но повеќе се наши повратници и екои кои често ја посетуваат државата, како од Холандија, Норвешка но тоа се мал незначаен број. Од друга страна интересот е голем и кај домашните туристи оваа година, од други градови ќе имаме гости” , вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Охрид од година во година ја подобрува понудата. Хотелите и угостителите ги следат светските трендови се модернизираат, а според ХОТАМ цените се конкурентни и повторно најевтини во регионот.

„И хотелите во моментов може да се пофалат со нови спа центри веќе повеќе од 50% од хотлеите имаат спа центри кои функционираат и работат. 0240Ценовната политика се одржува спрема барањето знаеме дека влегуваме во нсика сезона која ни почнува јануари, февруари и половината од март. За тој период би рекол се добиваат и поевтини аранжмани ако се разбара по хотелските понуди и тоа е нормално за овој период од говината”, вели Блажески.

Со католички Божик започна зимската сезона на брегот на Охридското езеро, прогнозите се дека солидна исполнетост ќе има и за Божик, Православна Нова година па се до Богојавление Водици.

Новинар Соња Рилковска