Во Новата 2024 година ви посакувам да имате пред сѐ добро здравје, неизмерна радост и многу незаборавни доживувања, порачува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во Новогодишната честитка до граѓаните.
„Нека ви биде година исполнета со бескрајна убавина и благососотојба! Уживајте во овие празнични мигови на семејна љубов и пријателство! Да прославуваме заедно уште многу весели моменти за Охрид и Македонија! Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2024 година!„ – вели градоначалникот Пецаков во празничната честитка.