Св. Игнатиј Богоносец
Свети Игнатиј е роден во Сирија. Кога тој бил дете, според преданието, го зел Исус во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно.“ Поради тоа што го носел Исус во прегратка е наречен Богоносец. Тој бил ученик на Jован Богослов, како и свети Поликарп, епископот на Смирна. Игнатиј бил третиот епископ на Антиохиja и наследник на Еводиј Антиохиски. Богоносец се нарекува бидејќи според христијанските преданија, Името на Спасителот секогаш го имал во своето срце и постојано му се молел.
На 20 декември (според грегоријанскиот календар), во ден на пагански празник, свети Игнатиј бил изведен во Колосеумот. Тој се обратил кон народот: „Римски мажи, вие знаете дека сум осуден на смрт, не заради злостораство, туку заради мојот Еден Бог, кон кого со љубов сум приврзан и кон Кого стремам. Јас сум негова пченица и ќе ме смелат забите на ѕверовите, за да станам негов чист леб.”
Веднаш потоа биле пуштени лавовите. Преданието раскажува дека, одејќи кон местото на страдањето, свети Игнатиј постојано го повторувал името на Исус Христос. Кога го прашале зошто тоа го прави, свети Игнатиј одговорил дека го носи тоа име во своето срце, „а Оној што е запечатен во моето срце, Него со устата го исповедам”.
Обичаи
На овој ден започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово – Божик и затоа се нарекува и Прв Божик. Празникот секогаш е пет дена пред Божик и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници.
Во Охрид се приготвувале питулици во чест на Исус Христос.
На територија на Македонија овој празник е проследен со многу суеверија, обичаи и верувања, а речиси сите православни верници сметаат дека она што го правите денес, ќе го правите и во текот на целата година.