Филипинка се пресели во Охрид, сака да биде македонска невеста
Марија Хуана Џејн од Филипини, веќе шест месеци живее и работи во Охрид. Претходно 14 години работела во Дубаи, како готвачка во училиште, две години во ресторан во Србија, за од јули годинава да се пресели во главниот туристички центар во земјава.
Вработена е како готвачка во угостителски објект, вели нискиот стандард на Филипини ја натерал да трага по подобар живот, илајдници километри од сопствениот дом.
Задоволна е од платата, но и од животот во преубавиот Охрид.
„Денес кога ќе се конвертира македонската плата со Филипинската е речиси иста , денес нашата влада нуди доста работа, но проблемот е што има многу луѓе, гужва, сообраќај а овде е многу помирно. Помалку луѓе, помирен живот и добра плата“, вели Марија Хуана Џејн готвачка од Филипини.
Засега поседува работна виза, но го учи македонскиот јазик, во земјава ја нашла и љубовта, вели сака да биде македонска невеста.
„Имам работна дозвола,за една година. Но планирам да се омажам па да добијам и македонско државјанство. Чекам документи од Филипини.0220 Мојот план е да останам во Македонија бидејќи ја најдов љубовта“, вели Џејн.
Марија Хуана вели постојано објавува снимки од Охрид, а нејзините пријатели ширум светот се воодушевуваат, многу од нив прашуваат за работа во земјава.
„Ја сакам Македонија, дојди во Македонија има работа многу, платата е добра“ вели Џејн на македонски јазик.
Додека многумина се иселуваат, има странски државјани кои среќата и љубовта ја наоѓаат во нашата земја. Покрај Марија во хотелско- угостителскиот сектор во Охрид засега има неколкумина вработени странци.
Новинар Соња Рилковска