Реконструираниот затворен базен во Струга од денес започнува и со термини за рекреативно пливање.
Сите заинтересирани може да го користат базенот за рекреативно пливање во следните термини:
Од понеделник до недела – 07:00-16:00;
Од понеделник до сабота – 21:00-23:00.
Цени за рекреативно пливање:
Дневен билет (пливање 1 час) – 200 денари;
Месечна членска карта – 2000 денари.
Максимален број на пливачи во една стаза е 5. Доколку се исполни капацитетот на базенот во одреден момент, присутните ќе мора да почекаат додека се ослободи место.