Skip to main content

Општина Охрид

Повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете во училишна возраст со тешка попреченост

Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на општина Oхрид објави повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете во училишна возраст со тешка попреченост.

Општина Охрид за буџетската 2024 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат настава и се лекуваат во домашни или болнички услови. Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. За оваа намена во буџетот на општина Охрид за 2024 година се предвидени 150.000,00 денари.

Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Повеќе детачи за потребни документи и начин на пријавување на страната на Општина Охрид ohrid.gov.mk