Градоначалникот на општина Oхрид објави повик за еднократна финансиска поддршка на лице згрижено во згрижувачко семејство на територија на Општина Охрид.
Општина Охрид за буџетската 2024 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство.
Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.
Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Потребни документи и начин на пријавување на веб страната на Општина Охрид.