Општина Охрид
Повик за доделување на ученички и студентски стипендии на лица со ретки болести и посебни потреби за учебната 2023/2024
Потребните документи заедно со изјавите треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на повикот.
Општина Охрид за учебната 2023/2024 година ќе додели стипендии и тоа на ученици во основно и средно образование, како и на студенти, магистранти и докторанти кои се лица со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид.
Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една учебна година, а ќе се исплатат во текот на 2024 година. Износот на стипендијата изнесува 2.000,00 денари за учениците со ретки болести и посебни потреби во основно и средно образование и 3.000,00 денари за студентите, магистрантите и докторантите на државните и приватни универзитети во Р.Македонија. Стипендиите се неповратни.
Потребните документи заедно со изјавите треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.


